Почетна

Регенеративната хирургија „Аллоплант“

Почитувани,
би сакал да го привлечам вашето внимание кон радикалната нова руска медицинска технологија која ја нарековме "Аллоплант". Овој тренд веќе 30 години се развива во истражувачките лаборатории во Рускиот Центар за Очна и Пластична Хирургија. Принципот на овој научен тренд е дека за прв пат во светот успеавме да регенерираме човечки ткива, т.е. фигуративно изразено "да израснеме" човечки ткива. Тоа го постигнавме благодарение на пронаоѓањето на Аллоплант биометеријалот кој е направен од кадаверични ткива со употреба на сложена технологија. Ако ткивото од едно лице се трансплантира на друго лице многу често ткивото се отфрла. Но со Аллоплант ткивото никогаш не се отфрла, а овој факт го потврдуваат повеќе од еден милион успешни операции. Дополнително, кога се вметнува Аллоплант во човечкото тело тој потткинува регенерација на ткивата на примателот. Различни видови на Аллоплант стимулираат развој на крвни садови, лимфни садови, коски, белките на очите, транспарентната рожница итн. Во Рускиот Центар за Очна и Пластична Хирургија се произведуваат 83 видови на Аллоплант. 250 клиники во Русија го употребуваат Аллоплант повеќе години. Главната особеност на "Аллоплант" е привлекувањето на матични клетки кои во голем број се акумулираат околу "Аллоплант" и се трансформираат во други клетки при што се регенирираат човечките ткива. Со употребата на Аллоплант технологијата се овозможи лекување на оние заболувања кои се сметаа за неизлечиви, како што се: ретинитис пигментоза, дијабетична ретинопатија, старосно условена дегенерација на макулата, атрофија на оптичкиот нерв, глауком, прогресивна миопија, прематурна ретинопатија како и многу други. Како заклучок може да се каже дека "Аллоплант" технологијата го поттикна развојот на регенеративната хирургија која може да помогне во оние случаи кога потенцијалите на традиционалната хирургија се исцрпени.

Генерален директор на Рускиот Центар за очна и пластична хирургија, пронаоѓач на "Аллоплант", професор Ернст Мулдашев

 

Политика за приватност

 

Оваа изјава за приватност ги објснува практиките на приватност на www.visibletechnologies .com и се применува само за информации од оваа веб страница. Изјавата за приватност содржи информации за следното: Какви лични информации се собираат од вас преку веб страницата, како се употребуваат и со кого се споделуваат. Каков избор имате во однос на употребата на вашите податоци. Безбедносните процедури кои се употребуваат за заштита од злоупотреба на вашите информации. Како може да се поправат какви било неточни информации.

Собирање на информации, Употреба и Споделување
Ние сме единствените сoпственици на информациите содржани на оваа страница. Ние имаме пристап/поседуваме само информации кои вие доброволно ни ги испраќате по пат на електронска пошта или друг директен контакт од ваша страна. Ние нема да ги продаваме или издаваме овие информации. Ќе ги употребуваме вашите информации за да ви одговориме на прашања поради кои ни се обраќате. Нема да ги споделуваме информациите со трети страни надвор од нашата организација, освен ако е неопходно да се исполни некое ваше барање, на пр. за достава на нарачка. Во иднина може да ве контактираме по пат на електронска пошта за да ве известиме за промоции, нови производи и услуги или промени на политиката за приватност, освен ако не побарате од нас да не го правиме тоа.

Вашиот пристап и контрола на информациите
Во секое време може да се одлучите да не учествувате во какви било контакти од нас. Тоа можете да го сторите во секое време контактирајќи нè преку e-mail или телефонскиот број објавен на нашата веб страница: Можете да дознаете какви податоци имаме за вас, доколку имаме. Можете да измените/когирирате податоци кои ги имаме за вас; да побарате да ги избришеме податоците кои ги имаме за вас; да изразите загриженост за употребата на вашите податоци.

Безбедност
Ние преземаме мерки на претпазливост за да ги заштитиме вашите информации. Кога поднесувате доверливи информации преку веб-страницата, вашите информации се заштитени и онлајн и офлајн. Секогаш кога прибираме доверливи информации (како што се податоци од кредитни картички) тие информации се шифрираат и се пренесуваат до нас на безбеден начин. Ова можете да го потврдите доколку ја погледнете иконата со затворен катанец на долниот дел на вашиот пребарувач како и "https" на почетокот на адресата на веб-страницата. Покрај тоа што употребуваме шифрирање за да ги заштитиме доверливите информации кои се пренесуваат онлајн, ние исто така ги заштитуваме вашите информации и офлајн. Само вработените на кои им се потребни информациите за да извршат одредена операција (на пример, плаќање и услуги на клиентите) имаат пристап до личните податоци. Комјутерите/серверите во кои ги чуваме личните податоци се чуваат во безбедна средина.

Врски
Оваа веб-страница содржи врски до други страници. Имајте на ум дека ние не сме одговорни за содржината и практиките на приватност на тие страници. Ги поттикнуваме нашите корисници да бидат свесни кога ја напуштаат нашата веб страница и да ги прочитаат изјавите за приватност на кои било други страници кои собираат лични податоци.

 

Доколку имате прашања во врска со Изјавата за Приватност, нејзиното спроведување, неисполнувањето на Изјавата за Приватност и/или нашите општи практики, ве молиме контактирајте не на centre@alloplant.ru