За нас

Рускиот центар за очна и пластична хирургија е единствената специјализирана медицинска инстиртуција од овој вид во Русија, која комбинира наука, лекување, производство и обука.

    Центарот е основан во 1990 година со цел да ги воведе напредните технологии заштитени од трговската марка "Алоплант" во клиничката пракса. Центарот вклучува: оддел за очна и пластична хирургија, лабораторија за производство на Алоплант, оддел за психофизиолошко третирање на видот, лабораторија за контактна корекција на видот и индивидуална очна протетика, научни лаборатории (за морфологија, хистохемија, електронска микроскопија, имунологија, биохемија и неурофизиологија) и оддел за стоматологија. Рускиот центар за очна и пластична хирургија претставува клиничка основа за обучување на домашни и странски специјалисти за Алоплант технологиите. Центарот има свој огранок во Москва.

     Основниот теоретски развој на Алоплант беше извршен во периодот од 1970 до 1975 година, а од 1974 година Аллоплант се употребува во клиничката пракса.

     Во моментов Аллоплант се употребува во повеќе од 200 клиники во Русија и други републики од поранешниот СССР. Извршени се повеќе од еден милион операции со Аллоплант. Аллоплант технологиите овозможуваат да им се помогне на оние пациенти кои не можат да се излечат со други методи на лекување. Во последните две децении Аллоплант ја прикажа својата ефикасност во лекувањето на дијабетична ретинопатија, ретинитис пигментоза, атрофија на оптичкиот нерв, увеитис, венска тромбоза на мрежницата, леуком, траума, кератитис, миопија (кратковидност), тумори, изгореници, вродени дефекти.

     Новите технологии се заштитени со 10 странски патенти (САД, Германија, Франција, Швајцарија, Италија) и 28 патенти од Руската Федерација. Резултатите од научните истражувања се претставени во 120 публикации во Русија и во странство. Истражувачите од Центарот учествуваат во меѓународните конгреси и симпозиуми. Аллоплант е наградуван со златни медали на меѓународни изложби. Во Центарот се развиени 58 видови на Аллоплант и 80 нови операции како и нивни модификации.

     Рускиот центар за очна и пластична хирургија е отворен за соработка со вас на различни полиња. Можеме да ги обучиме вашите специјалисти на методите на лекување со Аллоплант. По обуката можеме да обезбедиме Аллоплант во вашата клиника за употреба за операции. Со задоволство ќе ги разгледаме вашите предлози во однос на други форми на соработка.

     Од основањето до денес шеф на центарот е Др. Ернст Рифгатович Мулдашев, професор, почесен консултант на Универзитетот во Луисвил (САД), меѓународен член на Американската Академија за Офталмологија, овластен офталмолог во Мексико и член на Меѓународната Научна Академија.

Ернст Рифгатович Мулдашев

     Мулдашев Ернст Рифгатович, ДМС, професор, директор на Рускиот центар за очна и пластична хирургија (во Уфа, Русија), хирург од висока категорија, почесен консултант на Универзитетот во Луисвил (САД), член на Американската Академија за Офталмологија, овластен офталмолог во Мексико, член на Меѓународната Академија за Наука, трикратен шампион во спортски туризам во СССР.

     Професор Е.Р. Мулдашев е пронаоѓач на хируршкиот биоматеријал "Аллоплант". Со употребата на Аллоплант биоматеријалите, Центарот ги лекува пациентите за кои се сметало дека имаат неизлечиви заболувања (атрофија на оптичкиот нерв, дијабетична ретинопатија, ретинитис пигментоза итн.). Пронаоѓањето на Аллоплант отвори нови можности за развојот на регенеративната хирургија – хирургија ориентирана кон "растење" на човечки ткива.

     Научниците развија повеќе од 70 фундаментални нови очни и пластични операции. Измислени се речиси сто различни типови на Аллоплант биоматеријали кои се воведени во праксата, а постојано се развиваат и нови видови. Професор Е.Р. Мулдашев е автор на повеќе од 300 статии, објавени во Русија и други земји. Во 1999 година тој ја објави книгата "Од кого потекнуваме". Тој има патенти во Русија, САД, Германија, Франција, Швајцарија и Италија. Неговата работа е наградена со два златни медали на меѓународни изложби. Ернст Р. Мулдашев посетил повеќе од 40 држави со предавања и демонстративни операции. Тој е активен хирург кој изведува 300-400 операции годишно.