Лекуванье

Операции – болести кои ги лекуваме

ФТИЗИС БУЛБИ

ГЛАУКОМ

СТАРОСНО УСЛОВЕНА МАКУЛАРНА ДЕГЕНЕРАЦИЈА

ДИЈАБЕТИЧНА РЕТИНОПАТИЈА

РЕТИНИТИС ПИГМЕНТОЗА

НЕВРИТИС НА ОПТИЧКИ НЕРВ

ВИСОКО ПРОГРЕСИВНА МИОПИЈА

За други болести кои ги лекуваме ве молиме контактирајте не: (+7-347) 232-98-03

Регенеративна хирургија на фтизис булби

Што е фтизис булби? Тоа е бавна смрт на окото што всушност може да се види од фактот дека веќе слепото око се намалува во димензии и порано или подоцна станува целосно атрофирано. Најчесто сериозна траума или инфекција резултира со фтизис булби. По правило, атрофираното око се отстранува. Причината за отстранувањето за окото не е толку поради постојаниот јадеж на окото или поради козметичкиот дефект, туку бидејќи атрофираното око може да предизвика симпатична офталмија.

Што е симпатична офталмија? Тоа е напад на имунолошкиот систем на здравото око. Објаснувањето за овој необичаен факт традиционално се објаснува на овој начин: изворната причина за воспалението на мртвото око може да се прошири на здравото око поради рушењето на имунолошкиот систем. Многу е ризично да се изведува операција на атрофирано око. Се плашевме дека операција на атрофираното око може да резултира со симпатична офталмија на здравото око.

За среќа решивме да ризикуваме. Сега, откако извршивме повеќе од 1000 операции можеме да дишеме слободно бидејќи немавме ниту еден случај на симпатична офталмија. 

Принципот на операцијата развиен во нашиот центар со употреба на Аллоплант биоматеријал е следниот. 

Биоматеријалот се вметнува во атрофираното око и крвни садови растат околу него кои треба да ја подобри циркулацијата на крвта на рожницата и хороидеата. Исто така се вметнува и друг тип на Аллоплант биоматеријал околу кој растат лимфни садови за да се отстранат токсичните производи кои се формирале во процесот на атрофија на окото. Белката на окото се зајакнува со дебел и густ Аллоплант биоматеријал како густа рамка која се поставува на очното јаболко при што се спречува дополнително намалување на окото. Се разбира, оваа операција е прилично сложена и може да ја изведуваат само искусни хирурзи. Резултатите од хируршкото третирање на фтизис булби со употреба на "Аллоплант" технологијата ги надмина нашите очекувања. Од вкупно 1200 изведени операции моравме да го отстраниме окото во само 7 случаи. Сите останати случаи беа успешни бидејќи успеавме да го зачуваме мртвото око како орган. И покрај тоа што не успеавме да го вратиме видот во сите случаи, многу е важно личноста да го има сопственото око дури и ако е лошо, отколку да има стаклена очна протеза, всушност во сите случаи пациентите се соочија со отстранување на изумреното око.


Кога ќе се воочи дека воспалението на окото кое умира е завршено и окото го "преживеало" воспалението можно е да се изведат одредени операции за враќање на видот. Според нашите статистички податоци во околу 10% од случаите успеавме да го вратиме видот до одреден степен. 

Но да се има слаб вид е благослов, бидејќи инаку окото би било отстрането.


Пациентот Д., позната личност во Русија имаше таква операција. Пред да го посети нашиот центар тој имал неколку операции поврзани со ретинална аблација, но сите операции биле неуспешни. Силиконот вметнат во окото предизвикал намалување на окото. Окото беше спасено по нашата операција и во моментов има нормални димензии и пациентот има вид од околу 1%.




 горе



Регенеративна операција на глауком со употреба на "Аллоплант" биоматеријали

Глауком е една од основните причини за слепило. Глаукомот сигурно се оперира низ целиот свет со правење на мала дупка во окото за да истече вишокот интраокуларна течност и со тоа да се намали интраокуларниот притисок. Но и покрај намалување на интраокуларниот притисок, сепак луѓето ослепуваат. Причината е тоа што намалувањето на интраокуларниот притисок не е под контрола на вените каде што интраокуларната течност се одлева. Кога ќе започне атрофијата на оптичкиот нерв од глауком, видот продолжува да се намалува до нула. Првата операција развиена во Рускиот центар за очна и пластична хирургија е заснована на тој Аллоплант биоматеријал кој со своите својства имитира очна трабекуларна апаратура низ која интраокуларната течност се одлева во вените. Оваа операција многу им го олесни животот на хирурзите кои оперираат глауком. Резултатите од операциите станаа многу подобри. Сега можат да се оперираат форми на глауком за кои се сметало дека се неизлечиви. 

Дури и во случаи на неуспешно изведени повеќекратни операции по традиционални методи ние успеавме да постигнеме добри резултати при операции со Аллоплант технологијата. Дополнителна операција која ја комбинираме со горенаведената операција има за цел да ја подобри циркулацијата на крвта на оптичкиот нерв оштетен од глаукомот. Ова е многу сложена операција бидејќи оптичкиот нерв се наоѓа зад очното јаболко и неговото оперирање бара специфични хируршки вештини. Суштината на операцијата е во специјалниот Аллоплант кој се поставува околу оптичкиот нерв. Тогаш крвните садови започнуваат да растат околу Аллоплантот и оваа процедура го подобрува снабдувањето со крв на оптичкиот нерв и со тоа го спасува. Обично, се комбинираат овие две опишани операции. 

Илјадници пациенти со глауком се оперирани употребувајќи ја Аллоплант технологијата. Во повеќето случаи не само што успеавме да го спречиме напредувањето на слепилото туку и го подобривме видот. Како пример ја наведуваме пациентката М. со вроден глауком, ќерка на познат бизнисмен во Русија која имаше 7 операции пред да дојде во нашата клиника. Тука и беа извршени двете операции кои резултираа со нормализирање на интраокуларниот притисок и постепено подобрување на видот. Пациентката ја следиме веќе 7 години по операцијата и нејзиниот вид е зголемен од 1% на 10%, а интраокуларниот притисок е сè уште нормален. Пациентката се запиша на факултет и нејзините студии се одвиваат добро.



 горе




Регенеративна операција на старосно условена макуларна дегенерација со употреба на Аллоплант биоматеријал

Речиси секој втор постар човек кој ослепел бил дијагнозиран со сенилна дегенерација на макулата. Всушност ова заболување тешко се лечи бидејќи е поврзано со склероза на крвните садови на мрежницата како и со ослободувањето на крупни протеини во централното подрачје на мрежницата кои ја блокираат главната зона на окото. Ние развивме операција користејќи "Аллоплант" технологија која ни овозможува не само да го спречиме брзото напредување на слепилото туку и да го подобриме видот. Суштината на оваа операција лежи во специјалниот тип на Аллоплант биоматеријал кој се вметнува во окото; крвните садови започнуваат да растат околу Аллоплантот. Според нашите набљудувања овие крвни садови се способни го надоместат недостатокот на снабдување со крв предизвикан од склероза на садовите. Дополнително се вметнува уште еден Аллоплант во окото околу кој започнуваат да растат лимфни садови. Тие се способни да го апсорбираат крупниот протеин кој ја блокира централната зона на мрежницата и со тоа го чистат окото, кое како што е познато нема свои лимфни садови. Настанатите лимфни садови во суштина формираат "биоматеријална пумпа" која со години ќе продолжи да ги собира крупните протеини доколку се појават повторно. 

Илјадници такви операции се направени во Рускиот центар за очна и пластична хирургија. Резултатите од операциите се доста успешни. Ова можеме да го илустрираме со тоа што ќе наведеме темелно статистичко испитување извршено на пациенти со дегенерација на макулата сместени во Москва од професорот Ј. Киико – директор на Московскиот огранок на Рускиот центар за очна и пластична хирургија. Пред 16 години професорот Ј. Киико започнал да следи 638 пациенти кои покажуваат почетна манифестација на сенилна дегенерација на макулата, со 100% вид. Тој извел традиционален конзервативен третман на пациентите кои тогаш имале годишна контрола. За осум години се покажа дека и покрај интензивната терапија со лекови, видот на сите пациенти се намалил од 100% на 30%. 

Поради таквата ситуација, професорот Ј. Киико решил да изведува операции на втората половина од пациентите (319) употребувајќи ја Аллоплант технологијата, а првата половина од пациентите продолжиле да добиваат терапија со лекови. За осум години професорот Ј. Киико открил дека очите кои биле оперирани со Аллоплант технологија го задржале видот на истото ниво, а понекогаш дури и се подобрувал, додека оние пациенти кои примале терапија со лекови претрпеле просечно намалување на видот од 30%, а 5% од нив се речиси слепи.


Во графиконот на Yu. Kiiko.



 горе




Регенеративна операција на дијабетична ретинопатија со употреба на "Аллоплант" биоматеријали

Пациентите до дијабетична ретинопатија неизбежно го губат видот во просек за 3-4 години. Познато е дека традиционалните методи на лекување (ласерска коагулација, витректомија, екстракција на леќата итн.) многу често не се од голема помош за пациентите. Зошто? Тоа се случува бидејќи хирурзите изведуваат механички манипулации кои немаат ефект врз длабоко поставениот механизам на ова заболување. Ние предлагаме голем број на нови операции создадени да ја подобрат биолошката состојба на ткивата на окото со цел да се спречи појава на слепило како резултат на дијабетична ретинопатија. Пациентите со дијабетична ретинопатија главно ослепуваат од две причини: крварење во окото и хипоксија, односно недоволно снабдување на мрежницата со кислород. Се разбира, возможно е да се отстрани крвта од окото, но повторно ќе настанат крварења! Можете и да земате апчиња за намалување на хипоксијата, но не можете да го правите тоа постојано. Ние постапуваме поинаку. За да ја намалиме хипоксијата вметнуваме специјален Аллоплант биоматеријал во окото за крвните садови да почнат да растат околу него. Нашето хируршко искуство покажува дека овие садови се способни да го снабдат окото со доволно количество на кислород и да ја спречат појавата на дегенерација на окото. Во случаи каде што веќе е започнато крварењето во окото ние вметнуваме друг тип на Аллоплант биоматеријал за лимфните садови да растат таму каде што е вметнат биоматеријалот. Докторите знаат дека во организмот лимфните садови имаат улога на "одводна цевка" за отстранување на сите интерстицијални остатоци, како што е на пример крварењето. Овие лимфни садови растат околу "Аллоплант" биоматеријалот и функционираат како "биолошка пумпа" која ја апсорбира крвта кога се појавува во окото. Обично ги комбинираме овие две операции и постигнуваме добри резултати во третирањето на дијабетичната ретинопатија. Како типичен пример на дијабетична ретинопатија го наведуваме 56-годишниот пациент П. Бидејќи е зафатен менаџер тој нередовно го следел нивото на шеќер во крвта и како резултат на тоа имал крварења во окото. Но тој не се загрижил бидејќи крварењето се повлекло за 2-5 дена. Тоа беше дело на "биолошката пумпа" направена од "Аллоплантот". Во нормални услови потребни се неколку месеци за да се повлече крварењето од окото и тие не се повлекуваат целосно бидејќи стануваат лузни. Веќе многу години пациентот продолжува да работи како зафатен менаџер. Повеќе од 2500 пациенти од различни држави во светот се оперираа во Рускиот центар за очна и пластична хирургија. 

Во повеќето случаи успеавме да ја спречиме појавата на слепило како резултат на дијабетична ретинопатија и понекогаш дури и успевавме да го подобриме видот на пациентот. Но треба да напоменеме дека успехот од операциите зависи од стадиумот на заболувањето – колку порано се изведе "Аллоплант" операцијата, толку ќе биде подобар резултатот. 

 горе




Регенеративна операција на ретинитис пигментоза

Ретинитис пигментоза е наследно заболување које се пренесува во семејството, постојано напредува и води до слепило. Оваа болест се смета за неизлечива затоа што до сега не постојат методи за лекување на генетски дефекти. Но Р. Масоф и Д. Финкелстајн (1987, 1990), американски научници, докажаа дека дефектниот ген на ретинитис пигментоза не секогаш води до заболување. За тоа треба да постојат специфични услови, имено заболување на крвната циркулација на хороидеата која ја потхранува мрежницата. Врз основа на тоа, ние мислевме дека ако се подобри циркулацијата на крвта на хороидеата тогаш ќе можеме да спречиме понатамошно напредување на ретинитис пигментоза па дури и да го подобриме видот. 

Имавме причина да веруваме дека може да создадеме таква операција бидејќи веќе создадовме "Аллоплант" биоматеријал наменет да стимулира раст на крвни садови. Сè што требаше да направиме е да развиеме метод на вметнување на Аллоплант биоматеријал во супрахориоидалниот простор на окото и негово поставување на хороидалната површина. Откако развивме метод, експериментално го тестиравме на зајци. Беше откриено дека "Аллоплант" биоматеријалот ја подобри циркулацијата на крвта во хороидеата што имаше директно влијание врз подобрувањето на метаболизмот на мрежницата и нормализирање на нејзината ултраструктура погледната под микроскоп. Клиничките тестирања веднаш покажаа доста ветувачки резултати. Започнавме широко да го употребуваме овој нов метод на хируршко третирање на ретинитис пигментоза на пациенти. Сега, откако извршивмеповеќе од 2000 операции на пациенти од целиот свет можеме да донесеме сигурни заклучоци. Ако пациентите се оперираат пред последната (терминална) фаза од болеста, тогаш можеме да спречиме понатамошно напредување на ретинитис пигментоза во околу 80% од случаите и кај 50% од случаите успеавме да ја подобриме острината на видот и да го прошириме видното поле. Но најдобри резултати се постигнуваат кога секоја година по првата операција се инјектира специјален Аллоплант во вид на прашок во блискиот дел на окото за поддршка на дејството на првата операција. 

Изненадувачки е фактот дека најдобрите резултати се забележани кај пациенти од италијанско и шпанско потекло, а кај источно-азиските пациенти (Корејци, Кинези) резултатите се помали. Сè уште не можеме да го разбереме овој феномен. Пациентот П. од една арапска земја може да ни послужи како пример за да го илустрираме ефектот на операцијата, која не само што спречи дополнително напредување на ретинитис пигментоза, туку и ја подобри острината на видот и проширувањето на видното поле се одржува повеќе од 7 години.

 горе




Регенеративна операција при атрофија на оптичкиот нерв

IАко офталмологот дијагностицира атрофија на оптичкиот нерв тој обично е незадоволен бидејќи знае дека не може да му помогне на пациентот. Тој сигурно ќе препише традиционален третман и неговата надеж ќе биде на современите лекови, но обично атрофијата на оптичкиот нерв напредува и доведува до делумно или целосно слепило. Атрофијата на оптичкиот нерв се развива како резултат на воспаление на арахноидалните мембрани (арахноидитис), поради глауком, емболија или тромбоза на садовите на окото. Без оглед на причината за атрофија на оптичкиот нерв, во сржта на проблемот е нарушувањето на протокот на крв во капиларите кои ги хранат влакната на оптичкиот нерв и како резултат на тоа тие започнуваат да умираат. Мртвите оптички нервни влакна не можат повеќе да пренесуваат визуелни импулси до мозокот. Како може да се нормализира квната циркулацијата на капиларите во оптичкиот нерв и како да се нормализира атрофија? За таа цел развивме два "Аллоплант" биоматеријали во Рускиот центар за очна и пластична хирургија кои се способни да стимулираат регенерација на капиларите. Првиот тип е плочка од сочувани ткива со педикули која се наоѓа во супрахороидалниот простор на окото и внимателно се поставува на оптичкиот нерв. Педикулите се раширени на краевите за да обезбедат добар контакт на "Аллоплантот" со оптичкиот нерв. Овој контакт е многу важен бидејќи преку контактот, садовите кои растат околу "Аллоплантот " се способни да растат во оптичкиот нерв и да ја нормалицираат циркулацијата на крвта во капиларите за да се спречи понатамошно напредување на атрофијата. Но овој метод овозможува само нормализирање на циркулацијата на капиларите во интраокуларниот дел од оптичкиот нерв. Но како да третираме атрофија на оптичкиот нерв ако атрофичниот процес е локализиран надвор од окото, односно во внатрешноста на орбитата или черепот?


За таа цел развивме "Аллоплант" во вид на прашок кој има својства да стимулира регенерација на капиларите. Ние го разредуваме овој тип на "Аллоплант" во форма на конзистентна суспензија и со помош на игла го внесуваме на врвот на орбитата, поставувајќи го "Аллоплантот" околу оптичкиот нерв со кружни движења. Садовите израснати во "Аллоплантот" враснуваат околу оптичкиот нерв, ја нормализираат циркулацијата во капиларите и спречуваат понатамошен процес на атрофија. Вообичаено ги комбинираме двете операции. Во однос на тоа, само најискусните хирурзи од Рускиот центар за очна и пластична хирургија ја извршуваат оваа операција. Какви резултати успеавме да постигнеме? По 20 години пракса имаме големо искуство со изведени илјадници операции на атрофија на оптички нерв. Во почетните фази кога видот сè уште не е тешко оштетен успеавме да спречиме дополнително напредување на атрофијата па дури и го подобривме видот во 90% од случаите.

Во понапредните фази на атрофија на оптичкиот нерв кога видот е значително намален, но пациентите не се целосно слепи резултатите се поскромни – 70%.


Најлошите резултати се забележуваат во случаи кога прациентот е веќе целосно слеп и видот е еднаков на нула. Во овие случаи нема смисла да се изведува операцијата бидејќи оптичкиот нерв е веќе мртов. Сепак, нашите набљудувања покажаа дека кај некои пациенти некои влакна на оптичкиот нерв се во полу-мртва состојба но изгледаат како да се мртви. Ако се оперира таквиот оптички нерв тогаш полу-мртвите влакна на оптичкиот нерв ќе се реанимираат и на пациентот во мал степен ќе му се врати видот. За жал, невозможно е да се дознае дали има полу-мртви влакна во оптичкиот нерв дури и со најновата опрема која ја имаме на располагање. Затоа треба да оперираме врз основа на претпоставка. Успехот на операцијата на оптичкиот нерв кога видот е целосно изгубен е 7%-8%. Тоа значи дека од 100 пациенти само 7 или 8 ќе имаат среќа. Но и тоа е шанса – последна шанса. 

Пациентот Г. од Вашингтон е еден од тие среќни пациенти. Острината на видот по операцијата на оптичкиот нерв прерасна од 0 до 0,6 (6%). Тој е среќен што повторно може да гледа. 

 горе




Регенеративна операција на невритис на очниот нерв

Невритис или воспаление на оптичкиот нерв многу брзо доведува до целосно слепило – за неколку седмици, па дури и денови. Обично традиционалниот третман не е многу ефективен. Пред неколку години во Рускиот центар за очна и пластична хирургија се обидовме да го решиме овој проблем и да развиеме операција за лекување на невритис на оптичкиот нерв. Одлучивме да развиеме операција со употреба на "Аллоплант" биоматеријал кој е способен да стимулира регенерација на овие ткива. Операцијата имаше за цел да го спречи воспалението на оптичкиот нерв што е можно побрзо, пред да умре. Како може да се изведе тоа? Ние вметнуваме специјален "Аллоплант" во супрахороидалниот простор на окото кој стимулира раст на лимфни садови што е можно поблиску до оптичкиот нерв. Лимфните садови кои имаат улога на "одводна цевка" во организмот се способни да го апсорбираат едемот и ексудатите кои се придружен дел на воспалението. Заедно со овој "Аллоплант" вметнуваме уште еден кој стимулира раст на крвните садови за да го поправи нарушувањето на циркулацијата на крвта предизвикано од воспалението. И на крајот, оперативната рана се покрива со "Аллоплант" во вид на прашок наречен "стимулатор на фагоцитоза" кој привлекува микрофагни клетки (фагоцити) кои можат да достигнат до воспалениот оптички нерв преку лимфните садови и да ги апсорбираат мртвите клетки и ексудати кои го притискаат оптичкиот нерв. Тестирањата по овие операции ги надмина нашите очекувања. Лидија, 15-годишна девојка од Русија, беше оперирана од невритис на оптичкиот нерв на десното око. Пред да дојде во нашата клиника таа имала интензивен традиционален третман во една многу почитувана здравствена установа. Сепак, видот на тоа око продолжил да се намалува и за две недели достигна до ниво на "броење на прсти пред лицето". Успешна операција беше постигната користејќи го горенаведениот метод. Во вториот ден по операцијата видот се зголеми за 0,1 (10%), следниот ден достигна до 0,2 (20%), а за еден месец острината на видот на речиси слепото око достигна 1.0 (100%). Веќе стекнавме големо искуство во третирање на невритис на оптичкиот нерв во нашата клиника. Опериравме многу пациенти и практично сите случаи имаат одлични резултати. Како може острината на видот да се зголеми на 100% кај речиси слепото око? И ние, хирурзите, сме изненадени од овој факт. Заклучивме дека колку порано се изврши операцијата, толку ќе биде подобар резултатот. Аллоплантите кои се вметнуваат во оптичкиот нерв можат да ги апсорбираат ексудатите и едемот кои го притискаат нервот и го нормализираат крвниот притисок. Оптичкиот нерв не умира веднаш и може да се спаси на време. Исто така, ја употребуваме истата постапка во случај на тромбоза на вените на мрежницата, емболија и крварења во мрежницата. 

 горе




Регенеративна операција кај високо прогресивна миопија

Речиси половина од светската популација носи очила поради миопија. Се разбира очилата се одререна непријатност, но тоа не е страшно. Застрашувачки е кога миопијата (кратковидоста) напредува кај некои луѓе. Се случува бавно, малку по малку, од година во година со додавање на еден или два диоптри годишно и по одреден период лицето открива дека има 10 диоптри па дури и повеќе. Понекогаш миопијата напредува до 20 диоптри, па дури и 30 или 40. Дебелите очила со диоптер од 10 до 30 предизвикуваат голема непријатност, но она што е навистина застрашувачко е фактот дека поради миопијата, мрежницата не може да издржи и во неа се случуваат дистрофични промени и како резултат на овие промени острината на видот почнува да се намалува поради очилата. И на долг рок се јавува крварење во самото средиште на мрежницата и на тоа место се појавува лузна која доведува до Фухс. По појавата на Фухс, острината на видот обично се намалува до степен на броење на прсти пред лицето што значи дека окото постепено ослепува. Причината за напредување на миопија е вродена слабост на склерата на окото која не може да го поднесе интраокуларниот притисок и предниот дел започнува да се истегнува наназад. Предната и задната оска на нормалното око изнесува точно 24 милиметри, додека оската на окото кај пациенти со миопија е можеби 27-28mm па дури и 35mm. Во тој случај, како може мрежницата да издржи и да не умре поради ваквото истегнување? Како можеме да спречиме дополнително напредување на миопија? Јасно е дека треба да се направи нешто со склерата на таквото око за да издржи понатамошно истегнување. Ние во РУскиот центар за очна и пластична хирургија создадовме специјален Аллоплант кој ја зајакнува склерата и исто така развивме хируршка техника. 

Суштината на операцијата лежи во Аллоплантот со специјална форма кој се фиксира за задниот надворешен горен и долен дел на склерата, кој изгледа како двојна склера и оваа процедура двојно ја зацврстува склерата. Покрај тоа, овој Аллоплант се заменува со сопственото ткиво слично на ткивото на склерата и како резултат на тоа се формира дебела и цврста склера. Оваа операција е создадена пред повеќе од 20 години. Стекнавме големо хируршко искуство, односно повеќе од 20 000 извршени операции. Ние селективно испитувавме (рандомизирана група) 450 операции на очи во текот на 13 години, распределени во 4 групи според степенот на миопија. Резултатите од ова испитување се следните: напредувањето на миопија е спречено во сите 4 групи, т.е. миопијата остана на истото ниво откако се изведе операцијата. Ова е големо постигнување бидејќи со просечното годишно растење за 1,25 диоптри за 13 години, миопијата на тоа око би се зголемила до 15-16 диоптри и во тој случај пациентите веќе би биле слепи. 

Покрај тоа создадовме и посебен Аллоплант во вид на прашок кој може да го подобри метаболизмот на истегнатата склера. Тој се вметнува во раната истовремено со основната операција. Нормално е дека оние пациенти кај кои напредувањето на миопија е спречено, ќе сакаат засекогаш да ја елиминираат миопијата. Се разбира, носењето на очила и контактни леќи е тешко, но возможно е да се елиминира миопијата со помош на ексимер-ласер, но јас сметам дека е подобро да не се стори тоа бидејќи е опасно. Пациентот Х, бизнисмен од Москва е одличен пример за ефикасноста на операцијата која ја создадовме. Го опериравме пред 22 години поради високо прогресивна миопија еднаква на 35 диоптри. Во моментов неговиот вид изнесува 100% и покрај високиот диоптер. Се радувам за него. 

 горе