Почитувани, би сакал да го привлечам вашето внимание кон радикалната нова руска медицинска технологија која ја нарековме "Аллоплант". Овој тренд веќе 30 години се развива во истражувачките лаборатории во Рускиот Центар за Очна и Пластична Хирургија. Принципот на овој научен тренд е дека за прв пат во светот успеавме да регенерираме човечки ткива, т.е. фигуративно изразено "да израснеме" човечки ткива. Тоа го постигнавме благодарение на пронаоѓањето на Аллоплант биометеријалот кој е направен од кадаверични ткива со употреба на сложена технологија. Ако ткивото од едно лице се трансплантира на друго лице многу често ткивото се отфрла. Но со Аллоплант ткивото никогаш не се отфрла, а овој факт го потврдуваат повеќе од еден милион успешни операции. Дополнително, кога се вметнува Аллоплант во човечкото тело тој потткинува регенерација на ткивата на примателот. Различни видови на Аллоплант стимулираат развој на крвни садови, лимфни садови, коски, белките на очите, транспарентната рожница итн. Во Рускиот Центар за Очна и Пластична Хирургија се произведуваат 83 видови на Аллоплант. 250 клиники во Русија го употребуваат Аллоплант повеќе години. Главната особеност на "Аллоплант" е привлекувањето на матични клетки кои во голем број се акумулираат околу "Аллоплант" и се трансформираат во други клетки при што се регенирираат човечките ткива. Со употребата на Аллоплант технологијата се овозможи лекување на оние заболувања кои се сметаа за неизлечиви, како што се: ретинитис пигментоза, дијабетична ретинопатија, старосно условена дегенерација на макулата, атрофија на оптичкиот нерв, глауком, прогресивна миопија, прематурна ретинопатија како и многу други. Како заклучок може да се каже дека "Аллоплант" технологијата го поттикна развојот на регенеративната хирургија која може да помогне во оние случаи кога потенцијалите на традиционалната хирургија се исцрпени.
Generalen Prestavitel
Jovanovic Goran